Повеќе од 250.000 деца исчезнуваат секоја година во Европа, а во Македонија просечно околу 300 лица од кои значителен број се деца
Да го промениме тоа!
NAJDIME.ORG.MK ја поддржува потрагата по исчезнати лица со споделување релевантни информации – без разлика на националност, потекло, вера и сл. Доколку имате сознание или сомнеж за исчезнато лице (дете) Ве молиме да ја пополнете формата на линкот подолу
Со нашите партнери работиме на се повеќе успешни приказни
Партнерите на проектот ќе работат заедно за да ги заштитат децата од исчезнување и да спречат да им се наштети на погодените. Преку ангажирање на различни засегнати страни (јавен и приватен сектор, граѓански организации, медиуми) ќе се стремиме за успешна имплементација на системот за рано предупредување за исчезнатите деца и преку негово фунционирање поддршка на напорите на општеството во потрагата и заштитата на исчезнатите деца.
Препораки од МВР што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица
- Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.
- Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато
- Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови
- Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни – Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.
- Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни
- Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.