Лидија Трајковска
Исчезната е Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери на 08.11 во 5 часот. Последен пат видена на автобуска постојка во Јурумлери. Пријавено е нејзиното исчезнување во МВР.
Околу 5 часот наутро излегла од семејниот дом, по што ѝ се губи секаква трага. Со себе не носи лични документи, ниту мобилен телефон, нема здравствени проблеми.
Носи зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми. Има руса коса, кафени очи.
Доколку имате информации, пријавете во полиција или јавете се на 071345208 (Мартина).
Богољуб Митов
Исчезнат е Богољуб Митов, 63 години, во населба Ченто од 27.10 околу 13 ч попладне.
Облечен е во гумени црни влечки, тегет горна тренерка и сив џемпер.
Има плави очи, црно бела коса и бела брада кратка. Со себе нема ниту документи ни пари ни мобилен телефон. Има здравствени проблеми и има деменција. Не е насилен, комуникативен е и сака држење со луѓе. Пензионер е, семеен човек, живее во населба Ченто, на улица Фуштанска, бр 71. Доколку имате информација јавете се на 078965670 (Александра)
Mark Joris
На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија, пријавено е дека исчезнал Mарк Јорис, 72 години (роден 08.06.1952) од Белгија. Висок 182 цм, слаба градба, сини очи, седа коса, облечен во сиви панталони, кафеава блуза, со комплет планинарска опрема со вреќа за спиење, стап за планинарење.
Можна траса на движење село Вевчани – Струга – Охрид, кон Албанија. Последен контакт со семејството преку Ватсап имал на 9 септември од околината на Пешкопеја, Албанија. Патувал по патеката СКАРДУС која откако ќе помине низ планината Шара, потоа ја преминува планината Кораб и потоа повторно се враќа во Македонија.
Зборува англиски, не зборува македонски.
Секој кој има информации или го сретнал лицето на патеката да се обрати во полиција или на контакт бројот 070 233 917.